Одлуката на Владата на Словенија за забрана за движење вон матичните општини, воведена на 18 март, престанува да важи од денеска, објави премиерот Јанез Јанша, најавувајќи ново олабавување на мерките.
Владата денеска ќе го укине општото ограничување за движење само на подрачјето на општината, а в понеделник ќе биде проследено со постепено започнување на голем број активности што може да се спроведат со придржување кон мерки за здравствена заштита, напиша премиерот Јанша во пораката на Твитер по владината седница.
Масовните настани со голем број на луѓе веројатно нема да бидат можни додека не се открие вакцината или лек за Ковид-19 и не почне да се користи.
Во посебна видео порака премиерот рече дека олеснување на некои други мерки ќе има „во следните недели и месеци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.