Во Словенија од денеска се наплатуваат брзите антигенски тестови за присуство на корона вирус во организмот, а со оваа одлука владата сака да ја стимулира побрзата вакцинација на населението против Ковид-19. Од плаќање се изземени оние на кои тестирањето им треба за работа.
Таквото тестирање досега беше бесплатно за сите и се користеше претежно за патувања или активности за кои беше потребна сертификат за Ковид-19. Отсега, па барем до 6 септември, на места каде што се вршат вакви тестирања, луѓето ќе треба да докажат дека им треба тестирање поради работа, а во спротивно ќе им се наплаќа меѓу 10 и 12 евра.
Бесплатно тестирање на антиген се уште е можно за угостители, педагошки работници, вработени во продавници и старечки домови и други социјални институции, вработени во здравствена заштита и тие ќе можат бесплатно да се тестираат со потврда од работодавачот.
Со престанокот на финансирање на брзото тестирање преку државниот буџет, владата сака да го зголеми интересот за вакцинирање против Ковид-19, бидејќи само 41,8 проценти од вкупното население досега е целосно вакцинирано, помалку од очекуваното и под нивото што ќе овозможи подобра контрола на епидемијата во очекуваниот есенски бран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.