Словенечките власти почнуваат со составување на список на држави чии граѓани ќе можат да влегуваат во земјата.
Ова го најави портпаролот на Владата Јелко Кацин, кој кажа дека ова пред се се однесува на соседните земји. Според него отворањето на границите ќе биде постепено, а за кои држави ќе се однесува зависи пред се од моменталната епидемиолошка состојба таму.
Канцин кажа дека овој список ќе се менува во зависност на состојбата во државите, односно за некои ќе биде укината забраната, а доколку во некоја земја повторно се појават голем број заразени, нејзините граѓани нема да смеат да влезат во Словенија.
Во овој момент, словенечките граѓани пак, без добра причина односно работа или неодложни обврски, освен во Хрватска не смеат да патуваат во другите соседни земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.