Во Словенија за една недела почнува учебната година, а Министерството за образовани испрати циркуларно писмо во кое се наведува дека вработените можат да добијат отказ ако одбијат да се тестираат на Ковид-19.

Сите вработени во училиштата, тие што прележале, вакцинираните и тестираните треба да направат ПЦР тест, а тие што не се вакцинирани или кои не заболеле ќе мора секоја недела да се тестираат. Одбивањето на тестирање ќе се смета за кршење на обврските од работниот однос, што значи дека вработените ќе добијат предупредување пред отказ или ќе се покрене постапка за отказ, а истото ќе важи и за вработените кои ќе одбијат да носат заштитна маска – се наведува во писмото на Министерството за образование.

И во Австрија учениците и наставниците ќе треба да се тестираат за корона вирус три пати неделно, без оглед дали се веќе вакцинирани или не, во текот на првите три недели од учебната година.

Како што соопшти австрискиот министер за образование, Хајнц Фасман, по овој прв чекор, мерките за корона вирусот ќе бидат одредени во зависност од регионалната инциденца на инфекција.

Тестови потоа ќе се вршат само на доброволна основа, сè додека седумдневната инциденца на 100.000 жители е под 100. Маските ќе бидат задолжителни на отворено ако инциденцата е помеѓу 100 и 199 и мора да се користат во училници во случај на повисока стапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.