Словенија од денеска го презема шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. За  Македонија, тоа значи нова шанса за одблокирање на евроинтеграциите и нова надеж за почеток на преговори. И европски високи претставници го охрабрија словенечкото претседателство да работи по предлогот што на владите во Македонија и во Бугарија им го достави португалското претседателство, со цел да се најде решение на спорот меѓу двете земји.

Деблокирањето на почетокот на пристапните преговори со Македонија ќе биде една од првите задачи на претседавањето на Словенија со ЕУ и тоа е „морално прашање“, изјави минатиот месец словенечкиот претседател Борут Пахор.

Тој нагласи дека треба да се изнајде начин Бугарија да и даде зелено светло на Македонија и оти тоа е сега е не само политичко, туку и „морално прашање“ за Европа, нагласувајќи дека напредокот во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е важен за стабилноста на регионот.

– Свесен сум дека нема да биде лесно, освен тоа, се чини дека има уште повеќе можности Албанија да добие зелено светло, рече Пахор, но додаде дека од гледна точка на Скопје, ова би било доста трагично



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.