Словенечките власти ја променија одлуката во однос на задолжителниот сертификат за вакцинација и за луѓето кои работат од дома, како и за оние кои полнат гориво на бензинските пумпи.
Ваквата мерка повеќе не важи, откако синоќа беше донесен декретот во кој е содржана одлуката која властите ја донесоа по неколкудневните протести во Словенија. Истовремено, властите ги олеснија и мерките за спортските активности и тоа и на отворено и во затворен простор, при што луѓето не мора да нозат маски ако приложат ковид-сертификат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.