Словенечката Влада донесе одлука повторно да се отворат сите продавници во земјата.

Дополнително од 25 мај повторно ќе можат да работат и затворените културни установи како театрите, а ќе биде дозволено и организирањето на музички концерти, објавија од Министерството за култура.

Сепак, остануваат обврските да задолжителна дезинфекција на рацете и задолжително носење на заштитна маска во затворени објекти.

Со одлуката на Владата и понатаму не смеат да работат поголемите хотели, базените, фитнес центрите и ноќните клубови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.