Во Словенија е основана нова авиокомпанија наречена „СаутИст Ерлајнс“ (SouthEast Airlines), објави денеска авио-порталот Сиера5, додавајќи дека превозникот првично ќе нуди чартер летови користејќи ја флотата Ербас А320.

„СаутИст Ерлајнс“ ќе се фокусира на пазарите на Европската унија, а првиот комерцијален лет е планиран за почетокот на јуни, пренесува агенцијата СТА.

Компанијата ќе започне со работа со еден авион од економска класа, со 180 седишта, а се очекува оваа година да додаде и Ербас А320.

Првично, „СаутИст Ерлајнс“ има намера да ангажира три до четири екипажи за првиот авион, што е околу 35 вработени, заедно со персоналот на копно. Првенствено ќе работи во Југоисточна Европа, фокусирајќи се на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Грција и Турција.

Засега е непознато дали „СаутИст Ерлајнс“ може да стане новата национална авиокомпанија на Словенија. Земјата нема национална авиокомпанија откако „Адриа ервејс“ банкротираше.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.