Словенија од денеска воведува нови мерки кои вклучуваат суспендирање на јавните и економските активности со цел да се спречи ширењето на вирусот корона.
Новите мерки ќе вклучуваат затворање на трговски центри, ресторани, хотели, градинки, студентски домови, со исклучок на мензите во работните организации и болниците. Ќе работи само доставувањето на храна и тоа со посебни мерки.
Локалните власти се повикани да овозможат работа на градинки за деца чии родители работат во неопходните јавни служби и компании.
Кога станува збор за работниот процес, се препорачува да се организира работа од дома, каде што е можно, и каде што не е, строго да се применуваат епидемиолошките мерки.
Пред два дена, Владата на Словенија објави воведување нови ограничувачки мерки поради ширењето на „ковида-19“.
Со цел да се спречи ширењето на вирусот корона, Владата претходно го ограничи бројот на собири на луѓе на едно место од десет на максимум шест, а полицискиот час беше воведен од вторник навечер од 21 до 6 часот наутро.
Одлука за продолжување, заострување или ублажување на мерките ќе се донесе следниот четврток.
Режимот на границата засега нема да се промени, а дозволен е транзит од други земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.