Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 2413 нови заразени со корона вирус од направени над 13.000 тестови. Во истиот период, како последица од Ковид-19 починале 36 пациенти.
Со последните смртни случаи вкупниот број на починати од Ковид-19 се искачи на 2.631. Како што соопштија од словенечко министерство за здравство, во моментов во земјата има 19.284 активни случаи, што е за 1,6 проценти повеќе од претходниот ден.
Бројот на хоспитализирани лица е намален во споредба со претходниот ден, па така во моментов има 1.170 пациенти во Ковид-болниците, од кои 203 се на респиратор.
Од Владата предупредија дека граѓаните кои ќе добијат негативен резултат не треба да имаат лажно чувство на безбедност затоа што резултатот може да биде различен доколку тестот се повтори во рок од неколку часа и порачаа дека сите мора да се придржуваат до основните антиепидемиски мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.