Европратеничката од Словенија, Тања Фајон која важи за блиска до СДСМ, попладнево за МИА изјави дека земјите членки на ЕУ не смеат повеќе да го одлагаат отворањето на преговорите за членство со Македонија и ги повика да ја преземат својата одговорност, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Клучно е Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ. Денеска Советот не само што има шанса, туку има обврска да го исполни своето ветување дадено во март, да ги отвори пристапните преговори со земјата, изјави Тања Фајон.
Таа нагласи дека не смее да се одлага повеќе оваа одлука.
-Сите носиме одговорност, и Македонија ја исполни својата работа, секое дополнително одлагање ќе им наштети пред сѐ на нејзините граѓани посебно во овие времиња на пандемија кога економскиот и социјалниот развој и се многу потребни на земјата, додаде Фајон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.