Продавниците во Словенија во недела и за празници ќе бидат затворени, одлучија пратенциите во парламентот. Со измените во законот за трговија, за чие усвојување вчера во Народното собрание гласаа 72 од 88 пратеници, со ретки исклучоци, им забранува работа на продавнците во недела и за празници.
Од забраната се изземени продавниците со продажен простор до 200 квадратни метри на бензинските пумпи, граничните премини, пристаништата, аеродромите, железничките и автобуските станици и во болниците, пренесува Индикатор.ба.
Исто така, во недела и на државните празници ќе бидат отворени и преостанатите мали продавници со работна површина до 200 квадратни метри, ако во нив работите ги извршуваат трговски субјекти, односно нивните преставници, но и ученици, студенти и пензионери.
Прашањето дали продавниците треба да бидат отворени во недела и за празници ја мачи со децении јавноста во Словенија. Со тоа се занимаваше и Уставниот суд, а во септември 2003 година граѓаните за тоа беа прашани и на референдум. Забраната за работа во недела ја поддржаа 57 проценти од гласачите кои излегоа на референдумот.
Стопанската комора на Словенија се спротивставува на амандманите усвоени вчера и најави можност за оценување на уставноста на оваа законска одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.