Според словачките медиуми, 22-годишен маж убил еден, а повредил пет лица со нож. Меѓу повредените има и деца.

Иако првично се шпекулирало дека станува збор за вработен во училиштето, полицијата подоцна соопштила дека досега нема вистински информации, но можно е дека станува збор за поранешен ученик на тоа училиште. Тој е убиен во полициска интервенција по нападот. Нападот се случил на северот на земјата во градот Врутски, а во зградата во која се случил инцидентот имало деца од основно и средно училиште и градинка.

Началникот на полицијата Милан Лукански ја опиша ситуацијата, додавајќи дека истрагата сè уште трае.

Тој провали во училиштето кршејќи ја вратата. Но, наишол на еден храбар човек во ходникот кој се обидел да го сопре. Тој потоа упаднал во училница во прво одделение и го нападнал учителот и повредил уште две деца, рече тој.

❗️MIMORIADNE❗️ ÚTOK NA ZÁKLADNEJ ŠKOLE VO VRÚTKACH: ZAHYNULA OBEŤ AJ ÚTOČNÍK

Policajné hliadky momentálne zasahujú vo…

Posted by Polícia Slovenskej republiky on Thursday, June 11, 2020

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.