Страшно е тоа што се случило, рекла кратко Марија Наѓ, мајка на убиецот Игор Наѓ. Новинарите ја нашле во нејзиниот дом во Брезовац недалеку од езерото каде нејзиниот син си го завршил животот.

Бегајќи од полицијата, Наѓ се сокрил во Брезовачкото езеро, претрчал преку оградата на домот за незгрижени деца и се убил во нивниот двор.

Неговата мајка Марија расплакана, опкружена само со најблиските, дала изјава за 24сата.хт

Навистина не знам што да ви кажам. Претажно е сето ова. Болката е голема. Напишете што сакате – порачала расплаканата Марија.

Нејзиниот син од вториот брак, 20-годишниот помлад брат на Игор, стоел пред куќата и телефонирал. Плачел. Како што дознаваат неговите соседи, Игор често ја посетувал својата мајка, очувот и полубратот. Доаѓал еднаш месечно, а како што велат соседите ја носел и Маја и нејзиниот 10-годишен син Пауло, кој го убил во четвртокот. Последните неколку недели почнал се почесто да доаѓа. Мајката ја посетувал скоро секој ден.

После убиството тој исто така тргнал накај нејзиниот дом веројатно за да се збогува, но никогаш не стигнал.

Да потсетиме, Игор Наѓ во Загреб ја уби својата 35-годишна девојка Маја Тојагиќ, нејзиниот 10-годишен син Паул, нејзината 29-годишна сестра Јосипа, таткото и мајката на Маја.

Го убил и 29-годишното момче на Јосипа, Давор Паушак. Го поштедил само малото бебе од неколку месеци, кое е негово и дете на Маја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.