Косовскиот претседател Хашим Тачи објави на својата страница на Фејсбук видео-клип, за кој тврди дека ги докажува криминалните дејствија на, според него, „групата” на премиерот во оставка Албин Курти и „политичкото семејство на министерката за правда” Албулена Хаџиу во бизнисот со дрога.
Овие снимки докажуваат една од инкриминациите на Групата Курти и политичкото семејство на министерката за правда. Тоа се снимки од една лабораторија за дрога во Приштина, кои со другиот член на оваа криминална група, Џељаљ Свечља, пред неколку дена се обидоа да ги уништат како инкриминирачки факти од депото за конфискувани и запленети работи. Време е да се соочат со правдата, напиша Тачи.
Видеото, кое е со лого на порталот „Инсајдери.орг” и трае 25 секунди, прикажува скриени одаи во објект во Приштина, каде што се наоѓаат простории во кои, во посебни услови, се одгледува марихуана, а има и лабораторија за производство на дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.