Сабри Демир со потекло од Македонија е назначен за главен советник на турскиот претседател Ердоган, пренесува агенцијата „Анадолија“ (АА).

Според одлуките објавени на Службен весник со потпис на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, Сабри Демир, кој е роден во Скопје, е назначен за главен советник на турскиот претседател.

Сабри Демир e роден во Скопје во 1972 година каде што завршил основно и средно училиште, а студирал во Босна и Херцеговина, но поради војната морал да ја напушти и да ги заврши студиите во Дамаск, Сирија.

Тој најпрво бил назначен за советник за медиуми и односи со јавноста на премиерот во 2009 година, а потоа за советник на Реџеп Таип Ердоган задолжен за Балканот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.