Дваесетидвегодишниот Д.Р. од Зворник, БиХ, скокнал во Дрина за да избегне алкотестирање, пренесуваат босанските медиуми.

Момчето било совозач во автомобил „пежо“, кој бил сопрен вчера околу 2 часот наутро поради редовна полициска контрола. Кога полицајците побарале алкотестирање, совозачот излегол од возилото и се фрлил во реката.

По кратко пливање, тој изваден од водата, по што бил пренесен во болница да биде прегледан. Ангажирани биле и пожарникари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.