Со почетокот на туристичката сезона во Грција поради корона епидемијата туристичките работници се соочија со многу правила и ограничувања.

Еден од нив е и чистењето на апартманите, студијата и хотелските соби за туристите. Тие според протоколите се чистат само пред пристигнувањето на гостите и тоа доста темелно.

Најпрвин сите површини се дезинфицираат, а потоа задолжителнно сите кревети и фотрлји мораат да бидат поминати со чистач на пареа.Но, тој не може да се најде ни за лек, па издавачите се снаоѓаат како знаат и умеат па го купуваат за двојно повисока цена од 150 евра колку што реално чини.

Покрај тоа, клима уредите за гостите се забранети, далечинските за телевизор треба да бидат во најлон, а пак на гостите им се препорачува да си носат свои пешкири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.