Масовната вакцинација на граѓаните во халите на Белградскиот саем е во тек, а покрај ризичните групи кои имаат приоритет, вклучени се и големи организирани групи на странски државјани, поточно од Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои одлучија да бидат имунизирани во Србија, пишува „Нова.рс“.
Викендов преку српската Е-управа закажана вакцинација со АстраЗенека на македонските државјани на белградскиот саем.
Тие велат дека се одлучиле на ваков потег затоа што вакцинирањето практично не започнало во нивните земји и велат дека се воодушевени од организацијата во Белград. Тие додаваат дека во наредните денови се очекува масовно пристигнување на нивните сонародници.
Вакцината „АстраЗенека“ е достапна за граѓаните на земјите од регионот, а според вработените, имунизацијата со вакцините „Синофарм“, „Фајзер“ или „Спутник В“ денес не е можна.
Граѓаните на Србија, од овој понеделник можат без закажување да се имунизираат со вакцините на АстраЗенека.
„Нова.рс“ разговараше со граѓаните на Босна и Херцеговина кои дојдоа на Саемот и велат дека се воодушевени од орагнизацијата.
Дојдов од Тузла утрово, слушнав преку медиумите за вакцинацијата. „Србија исто така ни дозволува да се вакцинираме, што е спас за нас, рече една дама.
Имаше и граѓани кои дојдоа од главниот град на Босна и Херцеговина во раните утрински часови во главниот град на Србија.
Доаѓаме од Сараево, јас бев вакциниран со вакцината Астра Зенека. Во комуникација со други пријатели и преку социјалните мрежи, слушнавме дека граѓаните на Сараево се многу заинтересирани, затоа очекувам голем број мои сограѓани да дојдат во Белград, изјави жител на Сараево за порталот Нова.рс.
Граѓаните од регионот се воодушевени од организацијата на Саемот и рекоа дека ќе им препорачаат на своите пријатели да дојдат.
Дојдов со сопругот, многу сме задоволни. За викендот, другите луѓе ќе дојдат на организиран начин. Уште еднаш ви благодарам што вака нè примивте и ни дозволивте да се вакцинираме и да се вратиме во нормален живот, искрено рече една дама.
Владата на Србија одлучи да им овозможи на странските граѓани да се вакцинираат без негативен тест за PCR и претходна најава. За да се регистрираат странци за вакцинација против коронавирус преку порталот е-Влада во Србија, доволно е да имате само српски мобилен телефонски број, објави Балканската мрежа за истражувачко известување БИРН.
Се очекува во наредните денови, а веројатно веќе за време на викендот, уште поголем број странски државјани дури и организирано да се упатат кон Србија за да бидат имунизирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.