Случувањата во Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери и недостигот на кредибилитетот на ЕУ, коментираат попладнево од прес-центарот на грчката опозициска партија Сириза, по најавата на премиерот Зоран Заев за предвремени парламентарни избори, jави дописничката на МИА од Атина.

Случувањата во Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери и недостигот на кредибилитетот на ЕУ. По отфрлањето на почеток на пристапни за Македонија и објавување предвремени избори, некои во Грција, кои бесмислено зборуваа за штетен договор и за трампа со европејците, наскоро ќе молат да не биде избрана нивната братска партија ВМРО и да се стави во опасност Договорот од Преспа, коментираат од СИРИЗА.

Со соопштение излезе и Грчко решение, малата десничарски ориентирана партија која што е дел од грчкиот Парламент, во кое велат дека по изјавата на Заев и ветото од Франција произлегуваат неколку заклучоци меѓу кои и дека „СИРИЗА и НД го отстапија името Македонија, а ЕУ ја спаси честа“, дека договорот од Преспа се поништува, но и дека „Скопјаните одржаа лекција по демократија“ со изборите. Од партијата бараат да се одржи лидерска средба во Грција околу Договорот од Преспа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.