Грчката опозициска партија СИРИЗА, достави предлог закон за зголемување на најниската плата, односно за оваа година да достигне до 698 евра, а за следната 751 евро, јави дописничката на МИА од Атина.
Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас вели дека лани, тие како влада, ја зголемија за 11 отсто најниската плата, а сега, една година подоцна, доставуваат предлог закон за ново зголемување за 7.5 проценти во 2020 (698 евра) и 7.5 отсто за 2021 (752 евро).
Поранешниот грчки премиер додава дека покачувањето „е минимумот што владата мора да го направи за да го зајакне огромното мнозинство на работници“ и паралелно го прашува Мицотакис дали ќе ги поддржи работниците.
Господинот Мицотакис, кој предизборно ветуваше многу и добри работни места и наводно зголемување на минималната плата двојно од стапката на раст, сега мора да заземе јасен став. Ќе ги поддржи барем еднаш работниците или ќе продолжи, како што знае да ги поддржува само силните финансиски интереси?- вели Ципрас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.