Една жена почина, а друга е тешко повредена откако утрово околу осум часот биле нападнати од куче од расата стафорд во Панчево, Србија.
Починатата жена е мајка на сопственикот на кучето. 66-годишната жена им подлегнала на повредите, додека другата жена се наоѓа во болница.
Нападот се случил во дворот на семејството, кое го чувало кучето. Полицијата врши увид и работи на расчистување на околностите, велат од полиција за српски „Телеграф“.
Како што репортерот на „Блиц“ известува од лице место, сопрственикот на кучето, 33-годишниот И.М. не бил уапсен.
Тој се наоѓа пред куќата во која живеел со мајка си и плаче. Не сака да разговара со нас, вели новинарот на „Блиц“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.