Министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов, потврди дека во саботата навечер бил приведен синот на претседателот Румен Радев. Георги Радев бил приведен поради нарушување на противепидемиските мерки, односно присуство на забава во хостел во Софија.

Според полицијата, на забавата имало 11 малолетни лица и тројца полнолетни, јави дописникот на МИА од Софија.

Да, можам да потврдам дека … синот на претседателот беше таму. Не можам повеќе да ви кажам. Ние не спроведуваме истрага – изјави Ангелов.

Ова не е прв случај во кој синот на Радев има проблеми со законот. Во 2019 година тој беше приведен во дискотека по тепачка. Две години порано беше вклучен во тепачка меѓу ученици.

Од Кабинетот на бугарскиот претседателот, пак, негираа дека синот на Радев е приведен.

Жално е што претставниците на извршната власт се вклучуваат во објавување невистини и, од друга страна, ги газат законските гаранции за заштита на идентитет на малолетници – се вели во соопштенеито од Кабинетот на Радев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.