Велимир Беливук стана татко по третпат. Неговата сопруга Бојана се породила во приватна клиника во Белград додека тој е во притвор. По апсењето на криминалецот број 1 таа побегна во Грција, но непосредно пред породувањето се вратила во Србија за да ја породи докторот во кој единствено имала доверба.

Велимир и Бојана веќе имаат син и ќерка. Веља бил многу задоволен од приновата и се надева дека наскоро ќе го види бебето.

Упатен извор за Информер тврди дека Беливук уште зимоска, кога дознал дека жена му е бремена по трети пат, порачал ако е машко, синот да се вика Нео, по филмскиот јунак што го игра Киану Ривс во „Матрикс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.