Иљир Хоџа објави дека минатата недела властите, без претходно предупредување, на сила го исфрлиле од станот на периферијата на Тирана. Најстариот син на покојниот албански лидер Енвер Хоџа, ја обвини владата за ароганција и „фашистички акт“ после што властите со се семејството го исфрлиле од зградата во која живеат.Тој рекол дека не можеле ни да си ги земат своите работи, кои како што навел, подоцна ги ограбиле други луѓе.
Во отворено писмо упатено до премиерот на Албанија, Еди Рама, амбасадорите на САД и ЕУ, Хоџа спомеанл „прогон на семејството Хоџа“ наведувајчи дека семејството двапати било исфлено од своите домови, сега од страна на левичарската влада, а после падот на комунистичкиот режим во 1993 одина од страна на тогашната влада на десниот центар.
Ние претрпевме не само материјална туку и морална штета затоа што работите од нашиот дом завршија во рацете на непознати луѓе, рекол тој.
Хоџа рекол дека ќе ја тужи владата поради кршење на човековите права и нарушување на угледот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.