Со победа на предвредемите парламентарни избори, најголема во последните 38 години, вчера Нова демократија на Киријакос Мицотакис ја прекина четиригодишната пауза на владеење на една од трите големи политички фамилии во таа земја, која настапи во 2015.
Иако неговиот политички стаж не е многу голем, бидејќи во грчкиот парламент првпат влезе пред 15 години, тој припаѓа на фамилијата Мицотакис, која заедно со фамилијата Папандреу со социјалистичка ориентација и Караманлис со конзервативни определувања, со децении доминираше на политичката сцена на Грција.
Киријакос Мицотакис е роден 1968 година во Атина, а поради доаѓањето на воената хунта на власт, неговата фамилија помина шест години во Париз, за да се врати во Грција по повторното воспоставување на демократијата во 1974 година. Од деловното опкружување во кое беше од почетокот на 90-тите години на минатиот век до 2003 година, кога Светскиот економски форум го именуваше за глобален лидер на иднината, премина во политика, а најголемата функција која до сега ја извршувал е министер за административна управа од 2013 до 2015 година.
Тој е син на покојниот грчки премиер од почетокот на 90-тите години од минатиот век, Константин Мицотакис и правнук на Костас Мицотакис, грчки политичар од крајот на 19. век и соборец на водачите на движењето за национално ослободување на Грците од отоманската власт на Елефтериос Венизелос, со кого фамилијата Мицотакис била во роднински врски.
Неговата сестра, Дора Бакојани, беше градоначалничка на Атина во време на одржување на Летните олимписки игри во грчката престолнина во 2004 година, а беше и министерка за надворешни работи во владата на Костас Караманлис, се до смената на власта која ја презеде Јоргос Папандреу. Синот на Дора Бакојани, Костас, исто така стана градоначалник на Атина.
Мицотакис во последните година дена го искористи бесот на дел од грчката јавност поради договорот на Ципрас со Скопје за името Македонија, а брзо реагираше и за време на катастрофалните пожари кои минатото лето беснееја на голем дел од подрачјето на Атина и однесоа повеќе од 100 животи, каде жителите прво го видоа лидерот на опозицијата, а дури подоцна таа зона ја посети и Ципрас.
(Извор – Танјуг)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.