Силно невреме што во последните 24 часа ја погоди Романија предизвика поплавени домаќинства и уништени автомобили, а 30 лица се евакуирани.
Невремето предизвика поголема материјална штета и го запре сообраќајот во некои делови од земјата, поради тоа што обилните врнежи од дожд и силниот ветер собориле дрвја, оштетиле неколку возила и поплавиле домаќинства во 14 области, како и во главниот град Букурешт, пренесе МИА.
Одделот за вонредни ситуации (ДСУ), потврди дека тимови за итни случаи интервенирале во Букурешт и 14 романски области за да отстранат вода од десетици домаќинства и улици, како и речиси 200 турнати дрвја, што оштетиле голем број автомобили, а 30 лица превентивно биле евакуирани во областа Бихор.
Железничкиот сообраќај привремено беше запрен на линијата Букурешт – Брашов, во близина на градот Флоресте, поради паднато дрво на пругата.
На патниот сообраќај, исто така, има блокади на неколку државни и регионални патишта, а во округот Бихор на некои водотеци е воведена и редовна одбрана од поплави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.