Делови на Хрватска беа зафатени од драстична промена на времето со дожд и пониски температури во Загреб, додека Далмација ја зафати силно невреме и обилен дожд.
Најлошо помина Шибеник, каде што на некои места падна и повеќе од 50 литри на метар квадратен дожд, а врнежите предизвикаа поплави низ целиот град.
Како што објавува „Индекс“, невремето во текот на вечерта продолжило да се движи кон областа Макарска, а во областа Живогошче, паднал град со големина на топче за голф.
Ветерот носел ќерамиди од покриви, а на Хвар, гром предизвика пожар во шумата кај Брусје.
Невреме го погоди и подрачјето на Трогир, каде гром удри во ѕид на спортската сала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.