Обилните дождови денеска во Далмација, предизвикаа поплави во Сплит. Голем број улици во Сплит се под вода, а на терен покрај пожарникарите се и работници на патишта, водовод и канализација, како и полицијата.
Поради надојдената вода голем број патишта во Далмација се непроодни и затворени. Според метеоролозите и во следните денови се очекува дожд и грмотевици, а на високите места снег.
Хрватскиот автомото сојуз ХАК предупредува дека патишта низ Далмација се полни со вода, а некои поради непроодност се затворени.
Некаде има магла, можни се одрони, а особено на Јадранската магистрала и планинските патишта. Ги предупредуваме возачите да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема, соопшти ХАК.
Поради вода на коловозите затворени се локалните патишта во областа на Вргорац. Според прогнозата на метеоролозите, во Хрватска се предвидува и снег во попладневните и вечерните часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.