Огромно количество дожд вчера за кратко време ги поплави улиците на хрватскиот остров Хвар, предизвика одрони, а поплави и некои објекти. Според порталот Далмација Данас, морето ја сменило бојата поради пороите.

За само еден час на Хвар наврнале 90 литри дожд на метар квадратен, а во последните 24 часа над 120 литри, што е повеќе од просечната количина на врнежи што паѓа во ноември.

Освен обилните врнежи, проблем на Хвар се и силните грмежи кои предизвикаа голема штета на електрониката.

Од удари од гром е причинета значителна материјална штета бидејќи изгореле бројни електрични уреди.

Околу 14 часот и 15 минути пожарникарите побрзале да интервенираат бидејќи удар на гром предизвикал пожар во покривот на семејната куќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.