Силниот земјотрес кој денеска ги погоди грчките острови Додеканези, а земјотресот беше почувствуван и во Атина, како и во Турција. Според првичните проценки, земјотресот бил со јачина од седум степени според Рихтеровата скала, а се случил северно од островот Самос.

Според грчкиот дневен весник „Екатимерини“, треперењето кое траело долго се чувствувало низ цела Грција, сè до Истанбул. На социјалните мрежи се шират фотографии и видеа кои ги покажуваат страшните последици од земјотресот.

Жителите на грчкиот остров Самос, каде живеат околу 45.000 луѓе, се повикани да не се приближуваат до крајбрежјето, објави грчката организација за антисеизмичко планирање.

Во истовреме извештаи пристигнуваат и од блиската Турција, каде се срушија неколку згради во крајбрежниот град Измир. Имаше и мало цунами во Измир, бидејќи земјотресот го подигна нивото на водата во Егејското Море и го поплави градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.