Во морскиот дел, јужно од грчкиот остров Крит, утринава е регистриран земјотрес со јачина од 4.8 степени, според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.
Епицентарот бил на 20 километри јужно од малиот остров Гавдос што е најјужната точка во Грција и се наоѓа јужно од Крит, а засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.
Серија посилни земјотреси вчера беа регистрирани и во Хрватска. Хрватската сеизмолошка служба соопшти дека во 6.28 минути е регистиран земјотрес со епицентар 5 км југозападно од Петриња, со јачина од 5 степени според Рихтер.
Во Хрватска и утрово имаше нов земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтерова скала.
Земјотресот го погоди централниот дел на Хрватска, а причинета е голема материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.