Земјотресот со интензитет од 5,1 степени по Рихтеровата скала, ја погоди попладнево централната област на БиХ и се почувствува и во Сараево.
Епицентарот се наоѓал 85 километри северозападно од Сараево – на 14 километри од Турбет, во централна БиХ, на длабочина од 5 км.
Цивилната заштита на кантонот Тузла соопшти дека засега нема извештаи за жртви или материјална штета врз објекти.
Земјотресот посебно ги вознемирил жителите во централното подрачје на БиХ, а федералните медиуми јавуваат дека епицентарот бил 7 километри од Турбет.
На ова место е забележано и најмногу штета, а жителите велат дека паѓале телевизори, пукале ѕидовите, а се рушеле и крововите на куќите.
Медиумите јавуваат дека жителите излегле на улица од страв дека ќе следува посилен земјотрес. Ништо помалку вознемирувачко не било ниту во Мркоњиќ.
Седев на креветот кога почна се да се тресе. Сите чинии и чаши паднаа на подот, вели исплашена жителка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.