Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени е регистриран утринава јужно од градот Ираклио на грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.

Според локалните медиуми, жителите на градот Ираклио ги напуштиле домовите и објектите и се на улиците, а според првичните информации, земјотресот траел долго и бил почувствуван на целиот остров.

Земјотресот е регистриран во 9 часот и 17 минути по локално време, епицентарот е на копно, а не во морскиот дел, 23 километри северозападно од градот Арви, што се наоѓа јужно од Ираклио.

Засега, нема информации за повредени или жртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.