Грција утринава ја погоди земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер, јавува ЕМСЦ. Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени во вторникот ја погоди Албанија, а потоа и Босна и Херцеговина.

Според моменталните информации, епицентарот е кај Крит, на длабочина од 56 километри северозападно од Хања, пренесува „Блиц“. Земјотресот се почувствувал на Пелопонез и Атика, пишува „Екатимерини“ на својот портал.

Земјотресот е регистриран во 8:25 односно 9:25 часот по локално време.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.