Унгарскиот министер за надорешни работи Петер Сијарто одговори на критиките од британската Влада по вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Унгарија и Англија. Некои од унгарските навивачи недолично скандираа кон англиските фудбалери, а еден фрли и петарда кон Англичаните. Британскиот премиер Борис Џонсон и британските медиуми ги обвинија домашните навивачи и дека правеле “мајмунски” звуци кон англиските играчи со што “расистички ги навредиле” Британските фудбалски власти побараа истрага на ФИФА за однесувањето на навивачите.
Министерот Сијарто одговори со коментар на Фејсбук во кој објави снимка од гласното свиркање на стадионот Вембли во Лондон на финалето на Европското Првенство додека се изведуваше италијанската химна.

“Дали и тогаш имаше слични реакции?”, праша Сијарто.
Со Борис Џонсон имаме пријателски однос бидејќи бевме министри за надворешни работи долго време. Оттаму, со сета должна почит, барам од премиерот конечно да престанеме да применуваме двојни стандарди во вака сериозни прашања. Сите видовме како англиските навивачи се однесуваа кон италијанските фудбалери во филането на Еуро 2020. Не можесе да се слушне химната, а да не зборуваме за навредите за време на натпреварот, додаде Сијарто. Тренерот на Англија Гарет Саутгејт потенцираше дека не е коректно да се обвинуваат сите навивачи – “нашата химна беше испочитувана и повеќето навивачи беа љубезни и се однесуваа добро – слично е и кај нас дома, има поединци со кои треба да се справиме”. Унгарската фудбалска федерација исто така оцени дека повеќето од 60-те ил јади навивачи се однесувале спортски, а за прекршителите ќе се поведе истрага и ќе се изречат строги казни. И ФИФА најави дека ќе реагира по настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.