Поради обид за измама на осигурителни компании, Словенката Јулија Адлешиќ е осудена на две години затвор, нејзиниот партнер Себастиен Абрамов на три години, неговиот татко Горазд Цолариќ доби една година условен затвор, а мајка му Тинка Хускиќ Цолариќ е ослободена, пишува „сиол.нет“, а пренесува „Вечерњи“.

Јулија Адлешиќ во јануари 2019 година си ја отсекла дланката од левата рака. Таа тврди дека се работи за несреќен случај кога сечела гранки со електрична пила, додека Обвинителството смета дека таа тоа го сторила намерно за да добие надоместок од осигурувањето.

Исто така, обвинителството тврди дека нејзиното момче пребарувало на интернет пред несреќата за вештачка, биомеханичка рака, што одговара на тезата дека сè било испланирано. На тоа ја наговорил Абрамов, а во измамата, според Обвинителството, биле вклучени и неговите родители.

Според обвинителот, требало да земе најмалку 1,22 милиони евра отштета во случај на инвалидност. Тој пред судот истакнал и оти обвинението го потврдиле и мислењата на медицинските и машинските вештаци оти Адлешиќ се повредила намерно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.