Во доцните попладневни часови во четвртокот голем пожар изби во административната зграда на пунктот, кој се наоѓа на границата со Македонија. За среќа немаше повредени, но беше направена огромна материјална штета, многу документи беа уништени, јавува БГНЕС.
Колегите се обиделе да го угасат огнот, но не успеале. Огнот се појавил во надворешно инструменти, материјалите таму се запаливи – пластика, памук, стиропор. Резултатот е тоа што се гледа, изјави утринава началникот на Регионалната дирекција на граничната полиција во Ќустендил комесар Васил Митов.
Според него пожарникарите спречиле ширењето на пожарот кон зградата на Граничната полиција, која е залепена за оваа на царината.
Видливо е од објектот на царината дека е голема штета, додаде Митов.
Утринава во пунктот се пропуштаат само автомобили, но сообраќајот е слаб,има најнапред патрола на граничната полиција која пропушта само автомобили кон граничниот премин “Златарево”, а додека товарните се пренасочуваат на соседните гранични премини „Ѓуешево“ крај Ќустендил и „Станко Лисичево“ кај Благоевград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.