Германската канцеларка Ангела Меркел која денеска е во посета на Хрватска, го кажа својот став во однос на проширувањето на Европската Унија.
Меркел вели дека Берлин „начелно ја поддржува“ европската перспектива на земјите од Западен Балкан, но дека „при тоа треба да се земе предвид дека критериумите мора да бидат исполнети“.
Таа рече дека со тоа прашање ќе се позанимаваат.
Слични пораки стигнуваат и од Франција. Македонија во јуни очекува датум за старт на преговори со ЕУ, но неизвесност има.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.