Страшно е што злото може да му направи на добро момче. Раскажа дека маглата била страшна. Немав срце да му кажам дека има има загинати, но кога му кажав дека во судирот има неколку повредени, плачеше, липташе.
Ова го раскажал Бата Здравковиќ, чичко на Милан З.(31), возачот на автобусот на смртта, кој на железничкиот премин во Долно Меѓурово го преполови воз и во кој животот го изгубија седум лица, а 32 се повредени.
Милан вечера е уапсен и одреден му е притвор во траење од 30 дена, поради сомнеж дека со своето невнимание предизвика страшна трагедија, каква што Србија не помни.
Милан пред обвинителот цело време тврдел дека не е виновен и дека пред да се качи на железничкиот премин, погледал лево и десно. Меѓутоа, ова негово тврдење го демантираат снимките од камерата во автобусот.
Чичкото на Милан, Бата Здравковиќ, вели дека бил еден од првите кој Зоран го видел додека лежел во клиничкиот центар.
Мене ми раскажа дека тогаш маглата била страшна и видливоста на некои десетина метри. Тој рече дека застанал пред преминот, тргнал, ама бидејќи тие автобуси имаат автоматски менувач, автобусот почнал да шлајфува. Тогаш ми рече, дека видел нешто црвено и ужасот кој настанал – објаснил чичко му.
Тој додал дека истражителите го пронашле мобилниот на Милан, кој потоа е испитан, но дека по листигнот на повици не се гелда дека во тој момент разговарал со некого.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.