Шпанскиот премиер Педро Санчез в среда ќе допатува во Загреб од Љубљана за да се сретне со премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран Милановиќ. Тоа ќе биде прва официјална посета на шпански премиер на Хрватска од независноста во 1991 година.
Социјалистот Санчез, кој е на власт од 2018 година, ќе учествува на состанокот на Европската Унија и земјите од Западен Балкан во Љубљана в среда наутро и ќе пристигне во Загреб попладне.
Хрватската страна го покани Санчез во посета во септември, но тогаш посетата беше откажана поради промена на неколку министри во шпанската Влада. Затоа, официјален Мадрид сега одлучи да ја искористи посетата на премиерот на Словенија за да дојде во Хрватска.
Санчез треба да разговара со Пленковиќ и Милановиќ за билатералните односи меѓу двете земји, желбата на хрватската Влада да влезе во Шенген и во еврозоната, како и за ситуацијата на Западен Балкан.
Во септември, Хрватска се приклучи на неформалниот клуб на медитеранските земји МЕД 9, исто како и Словенија, која, меѓу другите земји, ја вклучува и Шпанија.
Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман беше во Мадрид во мај, каде што нагласи дека „односите меѓу двете земји се крајно пријателски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.