Иако на вчерашните избори во Бугарија Бојко Борисов освои најголем број на гласови, тешко дека ќе формира влада.
Најголем добитник на изборите може да се смета партијата „Има таков народ“ на Слави Трифанов кој стана втора полтичка сила кај источниот сосед.Тој веднаш по прогласувањето на изборите рече дека нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов и поради тоа речиси е невозможно да се формира влада во следниот период.
Трифонов еден од најпознатите шоумени во Бугарија и на 54 години реши да влезе во политиката и формираше партија која стекна голема популарност.
Слави важи за радикален политичар кој за Македонците вели дека се Бугари и прашува зошто земаме бугарски пасоши ако ги нарекувме „Татари и Цигани“.
Ако Македонците не прифатат дека имаат бугарски корени нема влез во ЕУ, вели тој и додава. Тоа е најдобриот предлог. Или ќе го прифатите или нема ЕУ-велеше Слави.
Тој повеќе од 20 години има свое шоу во кое му гостуваат најпознатите светски ѕвезди. Во 2001 година гостин му беше и нашиот Игор Џамбазов и тогаш Слави не си помина добро.
Погледнете
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.