Српското обвинителство побара доживотен затвор за Вељко Беливук, поранешниот водач на навивачите на Партизан, и неговата криминална банда осомничени за тешки злосторства. Беливук, познат како Веља Невоља и дваесет негови блиски соработници беа уапсени во февруари годинава, а се осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидации на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ, како и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства, и голем број други злосторства.
Во тајните простории на стадионот Партизан, полицијата пронајде снајпер и седум различни цевки, најсовремена оптика и куршуми кои пробиваат блиндирано возило и панцир. Наводно, во прашање е снајперска пушка која е рачно направена. Покрај оружјето, пронајдена е и извесна количина на наркотици, како и материјални и биолошки докази за сторени криминални дела.
Српските власти се сомневаат дека Беливук, Марко Миљковиќ и останатите членови на криминалната банда вршеле монструозни измачувања. Извори блиски на истрагата откриваат дека без трошка хуманост озогласениот Маре им ги вадел очите и им ги сечел главите на жртвите, а Невоља ги одобрувал овие злосторства и свесно учествувал во нив.
Српските медиуми во повеќе наврати го поврзуваа Беивук со луѓе од естрадата, меѓу кои се и соработници на фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ, раперот Стефан Ѓуриќ Раста, како и со еден од најпопуларните јутјубери во регионот, Богдан Илиќ чие уметничко име е Бака Прасе.
Старлетите Тијана Максимовиќ и Милица Живановиќ, познати како Тијана Ајфон и Мими Оро, исто така се осомничени дека биле на платен список кај Вељко Беливук и дека за него одработувале по потреба. Осомничени се за пренесување дрога, но и за перење пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.