До клучни докази против криминалната група на Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и Дарко Елеза, покрај останатите материјални траги, полицијата и обвинителството  дошло за време на вештачењето на мобилните телефони на припадниците на оваа екипа, ама и нивните соработници.

Во телефонот на една од приведените девојки, пронајдени се и фотографии од сакатење на луѓе, објавија Новости.

Станува збор за лица чие исчезнување официјално е пријавено во полиција. Споменатата девојка се согласила на соработка и засега е на слобода. Таа, покрај останатото се товари дека била дел од екипата која перела пари заработени од криминалот на Беливук и Миљковиќ, кои фактички станале испостава на кавачкиот клан во Србија.

Фотографиите се доставени до обвинителството. Тоа се толку монструозни детали – наведува изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.