Атињаните денеска ги преплавија плажите, со оглед на тоа дека ова е прв викенд без рестрикции кои беа воведени поради корона вируост.

Убавото време и високите температури ги натераа Грците да излезат во голем број на плажа каде судејќи според се, не се почитуваат мерките за социјалната дистанца, кои се уште се препорачуваат поради пандемијата.

Плажата на грчкото езерто Вуљагмени, како и плажата Кавоури и Глифада биле преполни со млади семејства со деца со оглед на тоа дека викендов се прогнизираа околу 35 степени целзиусови.

Може само да се претпостави колкава ќе биде гужвата наредниот викенд, за кога се предвидуваат повисоки температури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.