Амбасадорот на Германија во Србија Томас Шиб изјави денеска дека сеопфатен договор со Косово е услов за Србија да го направи „одлучувачкиот чекор“ во процесот на евроинтеграциите.

Германија е за решение и ние сакаме да се постигне сеопфатен договор преку дијалог, што ќе биде услов за Србија да го направи пресудниот чекор кон членството во ЕУ- рече Шиб за Телевизија Прва.

Според него, Србија мора да го реши проблемот со Косово за да стане членка на ЕУ и „да ги искористи целосните придобивки“ од членството.

Амбасадорот рече дека е „жално“ што Приштина не ги укина таксите на стоките од Србија, и покрај сите обиди тоа да се издејствува.

Признавам, жално е што таксите не се укинати без оглед на сите обиди да се реши тоа. Тоа не беа обиди само на Германија и Франција, туку и на некои други влијателни земји. Се надеваме дека таксите ќе бидат укинати по изборите во Косово – рече тој, додавајќи дека Берлин и Париз го поддржуваат дијалогот Белград-Приштина во сегашниот формат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.