„Бебињата ретко се разболуваат, но првиот потврден случај е во Белград“, пишува во вторникот белградскиот „Телеграф.рс, повикувајќи се на изјава на Владимир Ѓукиќ, директор на Клиничкиот и болничкиот центар.
„Бебе на возраст од 28 недели е заразено со коронавирус“, рече Ѓукиќ.
Зборувајќи за пациентите кои се лекуваат на КБЦ, прва резервна болница по пополнувањето на капацитетот на Клиниката за инфективни болести, Ѓукиќ посочи дека има и многу млади. “Имаме бебе од 28 недели , родители – татко и син, син и мајка, цели семејства… Сите се изложени на ризик. Единствената превенција е целосна изолација”, рече тој.
Во Србија, коронавирусот е потврден во 54 случаи во последните 24 часа, така што вкупниот број заразени е 301, по 17 дена од првиот официјално потврден случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.