Во местото Бегов Хан кај Жепча во Босна и Херцеговина шестгодишно момче паднало во река. Водостојот на реката бил прилично зголемен поради обилните дождови кои го зафатијај регионот.
Неговата мајка скокнала по него за да го спаси, но безуспешно. Со возило на Брза помош мајката е префрлена во болница, а специјална полициска единица е ангажирана во потрагата по детето.
Инаку, состојбата на поплавените подрачја во БиХ постепено се нормализира, но и натаму е тешко на подрачјето на Приедор и Сански Мост, каде излевањето на водата од реката Сана и натаму е закана за стотина станбени и деловни објекти. Според податоците од претпладнево, Сана во приедор достигна ниво од 460 сантиметри, што е кота на вонредна одбрана од поплави.
Жителите на босански Котор Варош, кои се снабдуваат од градскиот водовод, од утрово се без вода. Станува збор за илјадници корисници, кои останаа без вода откако е испразнет резервоарот во населбата Коториште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.