Шест лица загинаа и неколку други се повредени во пожар во станбен објект во Брчко во БиХ. Повредените се пренесени во болницата Брчко каде им била укажана лекарска помош.
Локални медиуми јавија дека при интервенцијата пожарникарите спасиле четири деца на првиот кат од објектот. Пожарот се случил утринава околу седум часот. Засега нема информации за причината за пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.