Најмалку шест загинати и 37 повредени е црниот биланс во судар на автобус и камион во областа Сома, во турската провинција Маниса.

Несреќата се случила кога автобусот, што се движел на релација Истанбул-Измир, удрил во камион што стоел на лента за застанување на автопатот.

Моменталната ситуација е дека шест лица загинаа, а 37 се повредени. Шестмина од повредените се хоспитализирани во различни болници во Баликесир, додека другите се хоспитализирани во Маниса – соопштија од администрацијата на провинцијата Маниса.

Во извештајот се посочува дека 30 повредени патници се хоспитализирани и дека во автобусот имало вкупно 53 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.